Судот му го одзеде пасошот на Сергеј Трифуновиќ: Полицијата бара 30 дена затвор и 1.000 евра парична казна

од Илинка Илиоска
111 прегледи

Општинскиот суд за прекршоци во Сплит како мерка на претпазливост му го одзеде пасошот на актерот Сергеј Трифуновиќ.

Судењето продолжува утре во 12:30 часот, пишува „Слободна Далмација“.

Сергеј пред судот изјави дека не се чувствува виновен за се што е обвинет, а во полициското обвинение се товари по член 5 и член 17 од законот за делата против јавниот ред и мир.

Во членот 17 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир се вели дека „Тој што ќе омаловажи или навредува државни органи, односно службени лица, во текот на извршувањето или во врска со извршувањето или нивните законски наредби, ќе се казни со парична казна од 700 до 4000 евра или затворска казна до 30 дена“, се вели во тој напис. Затоа полицијата и судот за ова дело од Трифуновиќ побараа триесет дена затвор.

Во членот 5 се вели „Оној што го нарушува јавниот ред и мир со изнесување текстови, композиции, репродукции, истакнување симболи, текстови, слики и цртежи на јавно место, ќе се казни со парична казна од 300 до 2.000 евра.

Полицијата за овој инкриминирачки напис за Трифуновиќ бара казна од 1.000 евра.

Иако сопругата на Трифуновиќ, Исидора Трифуновиќ зборуваше за полициска бруталност при апсењето на Трифуновиќ на Бајаково, Трифуновиќ денеска не го спомна тоа пред судот, што не значи дека нема ниту утре.

Слични содржини