Судот пресуди: САД имаат право на пари од книгата на Сноуден

од Vladimir Zorba

Суд во Соединетите Американски Држави донесе одлука дека оваа земја има право на приход од 5,2 милиони долари од книгата објавена од Едвард Сноуден, поранешен соработник на Агенцијата за национална безбедност.

Во соопштението издадено од Одделот за правда се наведува дека Федералниот суд во Вирџинија пресуди во корист на правото на американската влада за надомест на штета за секоја наредна заработка од книгата на поранешниот соработник за национална безбедност.

Адвокатот на Сноуден немаше коментар за оваа одлука.

Минатата година американската влада го тужеше Сноуден, кој се наоѓа во Русија, за објавување на книгата „Permanent Record“, со што, како што тврди, се кршат договорите за необјавување на информации што ги потпишал кога работел за НСА и ЦИА.

Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската влада создала систем на масовно следење. Сноуден, кој со години живее во Русија, заработи 4,2 милиони долари од продажбата на книгата и од авторските права.

Слични содржини