Судот во Атланта одобри понатамошна истрага на документите одземени од домот на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Американското министерство за правда може да продолжи со разгледување на доверливите документи запленети од ФБИ од имотот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида додека трае жалбената постапка, одлучи денеска федералниот суд.

Единаесеттиот Окружен Апелационен суд на САД, со седиште во Атланта, дозволи да продолжи истрагата на федералното обвинителство за околу 100 запленети документи означени како доверливи, кои американскиот окружен судија Ајлин Кенон ги суспендираше во очекување на разгледување од независниот арбитар што таа го назначи, Рејмонд Дири, пренесува „Ројтерс“.

Доналд Трамп е под истрага од министерството за правда за чување владини документи, од кои некои се класифицирани како високо доверливи, вклучително и строго тајни документи на неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, откако ја напушти функцијата во јануари 2021 година.

Слични содржини