Судскиот предмет „Таргет-Тврдина” продолжува на 22 септември

од Aleksandar Petrovski

Рочиштето за судскиот предмет ,,Тврдина-Таргет”, продолжува на 22 септември. На денешното рочиште свои искази дадоа неколку сведоци. При овие сведочења суд беше запознает со околностите за поддршката од надвор во системите за следење на комуникации, односно за формирање на Комисијата за поништување на опрема на УБК. Во дел од рочиштето јавноста беше исклучена заради работната позиција на еден од сведоците.

Обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и неколку вработени во поранешното УБК кои се товара за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви.

Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението е застапено од обвнителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро.

loading...

Слични содржини