Судскиот совет одлучи: Разрешена е судијката Софија Лаличиќ

Со 11 гласови „за“ и 2 „против“, денес Судскиот совет донесе одлука за разрешување на судијката, Софија Лаличиќ,

„Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката“, стои на веб страницата на Судскиот совет.

Инаку, Лаличиќ е судијката која се најде во јавноста преку „бомбите“ кои беа објавени, а во кои се слуша нејзиниот разговор со екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

Слични содржини