Супа за доручек – оставете ги житарките засекогаш

Супата за доручек може да биде од било кои намирници, било кој зеленчук или вкус кој сакате да го пробате.

Џереми Пејџ смета дека за секоја супа најважната состојка за секоја супа е коската, која е избор на многу здравствени бенефити, го подобрува варењето, коските и ноктите, па дури и спиењето. Иако готовоте супи можат да се купат во многу продавници, тој ве советува да си направите своја супа.

Со неа, можете да додадете и низа зеленчуци, од морков до тиквичка, и да додадете зачини кои имаат докажано дејство на здравјето, како ѓумбир, куркума и лук.

Рецепт за супа за доручек:

Состојки:
2 јајца
лажичка маслиново масло
помал кромид, ситно исечкан
2 моркови, исечкани на коцкички
2 чешниња, ситно исечкани
лажица свеж ѓумбир
лажичка куркума во прав
4 шолји коскена срцевина
2 лажички мисо паста
1 тиквичка исечкана на коцки
2 шолји свеж спанаќ
сол и бибер

Подготовка:

Во зовриена вода варете ги јајцата 6 ипол минути, извадете ги и веднаш ставете ги во ладна вода и оставете ги.

Загрејте масло во тенџере. Додајте кромид, морков, лук и ѓумбир и оставете да се готви. Зачинете со сол и пипер. Додајте ја куркумата и продолжете да готвите, следните две минути.

Додајте ја коскената срцевина, мисо пастата и тиквичките. Сите состајки добро измешајте ги и продолжете да готвите уште 15 минути додека тиквичките не омекнат. Проверете дали треба да додадете сол или бибер. Додадете го спанаќот и оставете да се вари уште минута.

Истурете ја супата во чинии. Излупете го јајцето и исечете го на половина, а потоа додајте ја супата. За крај, зачинете со масло и магдонос.

Пријатно јадење.

Слични содржини