Супер брз ручек: Пикантно пилешко со компирчиња прелиено со павлака

од desk2

Кремасто пилешко месо кое се топи во уста…

СОСТОЈКИ:
300-400 гр пилешко бело месо
50 гр растопен маргарин
5 лажици павлака
1 лажица презла
3 чешниња лук
варени компири
вегета
сол
бибер
зачин по желба
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пилешкото бело месо исечкајте го на шницли. Посолете го со вегета или сол. Добро истријте за шницлите да впијат. По вкус можете да ставите и бибер да добие поубав вкус.
Земете огноотпорен сад и во него на дното наредете компири кои претходно сте ги излупиле и исекле на парчиња. Потоа малку посолете и зачинете со вегета. Од горе редете бело месо кое сте го потопиле во растопен маргарин.
Потоа павлаката ставете ја во еден сад и во неа ставете презла и вегета, бибер и лук. Тоа убаво измешајте го и ставете преку пилешкото.
Кога сте ја истрошиле павлаката убаво размачкајте и јадењето е спремно за печење. На почеток ставете фолија преку садот.
Нека се пече околу 30 минути. Пред крајот од печењето тргнете ја.
Добар апетит!

Слични содржини