СУПЕР ДЕДО ОД ИНДИЈА: Како дете ја преживеал шпанската треска, а сега на 106 години го победи коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Еден 106-годишен Индиец може да ја носи титулата супер дедо. Тој како дете ја преживеал шпанската треска во 1918 година, а сега ја победил и короната.

Овој супер дедо беше излечен и пуштен од болницата каде на лекување останале неговиот син (70), сопругата и другите членови на семејството, кои исто така се заразиле со оваа болест, пишуваат индиските медиуми.

„Тој досега е единствениот пациент кој преживеал и шпанската треска и новиот коронавирус. Не само што закрепна, туку се опорави побрзо од помладите членови на неговото семејство“, изјави еден од лекарите на Клиниката Раџив Ганди. Лекарите беа изненадени од неговото закрепнување, бидејќи неговиот имунитет беше ослабен поради неговата возраст.

Како што рекоа, нема официјална потврда дека овој старец бил болен од шпанска треска, затоа што нема документација од тоа време. Меѓутоа, бидејќи тој во тоа време имал четири години, голема е веројатноста дека бил заразен со шпанската треска, што ги зафатила децата и младите.

Шпанската треска, која во три бранови во текот на 1018 година однела меѓу 17 и 40 милиони животи, според проценките, многу ја погодил Индија. Се проценува дека дури една петина од жртвите во светот биле од таа земја.

Слични содржини