Супермен: Халанд побрз од Болт (видео)

од Nikola Popovski

Ерлинг Халанд е голгетерска машина. Напаѓачот на Борусија Дортмунд со два гола донесе триумф на „милионерите“ против ПСЖ во првиот натпревар од осмина-финалето во Лигата на шампионите.

На 19 години, норвешкиот напаѓач постигна 10 гола во годинашниот циклус во Лигата на шампионите, а во дресот на Салзбург и Борусија Дортмунд ја затресе мрежата 39 пати на 29 натпревари.

Дека Халанд е чудо на природата, се потврдува и од видеото од натпреварот со ПСЖ, кога во спринт како Јусеин Болт за неполни 7 секунди истрча 60 метри и стигна од својот шеснаесетник до казнетиот простор на „Светците“.

Слични содржини