СУПЕРЖЕНА ПОМАГА КОГА Е НАЈТЕШКО: Виде камион заглавен во снегот, па реши да помогне (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Шарлин Лесли, работничка во супермаркет во Кауденбит, Шкотска, видела дека камион заглавил на патот, поради бурата Дарси, па решила да го турне.

 

Оваа мајка на три деца беше прогласена за „супержена“. Снимено е како турка камион кој превезува млечни производи по угорницата, која беше прекриена со снег.

 

Подвигот на Шарлин не помина незабележано, па „Греамс“, производител на млечни производи, реши да ја награди. Во текот на следната година, таа ќе добива млеко и други производи бесплатно!

 

Инаку, кога видела дека камионот е заглавен во снегот, Шарлин била со нејзините две деца, ќерката Ријана (10) и синот Хантер (2).

 

“Побарав соседот да ги причува моите деца. Претпоставувам дека тоа што го направив беше опасно, но за среќа, камионот се искачи безбедно на нагорнина. Во тој момент, не размислував многу за себе, само сакав да помогнам. Не можам да верувам дека добивам толку многу внимание, чувствувам дека е наша должност да им помагаме на другите кои имаат потреба “, рече таа.

 

Извршниот директор на „Греамс“, Роберт Греам сениор, рече: “Кога ја видов снимката како Шарлин самостојно го турка камионот, не можев да верувам во тоа. Како семејство, ние многу се грижиме за нашите производи, за да им ги доставиме на клиентите. Нејзината постапка беше многу прекрасна. Затоа решивме нејзиното семејство да ги прима нашите производи секој ден до крајот на годината “, изјави тој.

Слични содржини