Сурои: Годинава нема да има либерализација за Косово

од Vladimir Zorba

Познатиот косовски публицист Ветон Сурои ги советува политичарите во неговата земја да престанат со ветувањата дека ќе има визна либерализација, бидејќи тоа нема да се случи годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Сурои, граѓаните на Косово ќе можат да патуваат во Европа без визи, евентуално, од идната година.

– Политичарите не прават добро со тоа што продолжуваат да ветуваат визна либерализација. Нема да има позитивна одлука за оваа година; за можноста тоа да се случи во 2019 година се очекува да се разговара на крајот на годинава. Ова е одлуката која се подготвува да се објави во Брисел на крајот на месецот, напиша на Фејсбук Сурои, кој, поради блискоста со западните центри, важи за добар познавач на тамошните политики.

Слични содржини