Суровост на полицијата во Ливерпул: Солзавец директно во очи (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Полицајци, кои апсеа луѓе на протест против заклучувањето на Ливерпул, беа критикувани откако се појавија снимки кои покажуваат дека брутално претепале демонстрант за време на апсењето и дека употребувале солзавец одблизу.

„Проектот за полициски надзор“ објави дека станува збор за „инцидент што загрижува и уште една злоупотреба на полициската моќ“, откако снимката за инцидентот стана вирална, објави „Гардијан“.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се слушаат извиците на присутните „Срам да ви е“, а еден корисник на Твитер изјави дека „неговите деца присуствувале на инцидентот“.

На горната фотографија е прикажан моментот кога полицаец користи солзавец насочен директно кон очите на демонстрантот.

Полицијата од Мерсисајд соопшти дека 36-годишен човек од Киркби бил уапсен вчера за време на митинг во центарот на Ливерпул, „под сомнение дека нападнал полицаец и се спротивставил на апсењето“.

Тие додадоа дека полицијата добила жалба во врска со апсењето и дека истрагите се во тек.

Досега се уапсени 13 лица, а издадени се и 25 казни за кршење на правилата за забрана за масовни собири.

Да потсетиме, полицијата за време на викендот воведе забранета зона во центарот на градот и јужниот дел на Ливерпул. Така беше овластено да се забрани движење на луѓе во областа за 48 часа.

Таа претходно ги предупреди луѓето што имаат намера да присуствуваат на протестите во градот „да размислат повторно“, бидејќи тие ќе преземат цврсти мерки овој викенд.

Слични содржини