Свадба на хрватскиот Илон Маск: Бајага, старки и автомобил од 2.400.000 долари

од Nikola Popovski

Свадбата на хрватскиот иноватор и претприемач Мате Римац, кого медиумите го нарекуваат „хрватскиот Илон Маск“ и неговата долгогодишна девојка Катарина Ловриќ привлече големо внимание, а од денес започнаа да се појавуваат фотографии и снимки од прославата, откривајќи некои детали.

Невестата заблеска во венчаница со кринолин на ракавот, а Римац за оваа пригода избра карирано темно сино одело и бела кошула. Повторно ги носеше старките, истите што ги имаше на општинската венчавка во мај годинава.

На венчавката, младенците и гостите ги забавуваа „Забрането пушење“ и Бајага, а на едно видео се гледа како младенците се приклучуваат на фронтменот на групата, Сејо Саксон и ја пеат песната „Југо 45“ со него. Сејо ја искористи можноста да им честита и, меѓу другото, им посака „уште многу автомобили што ќе бидат именувани по ветровите“.

Трубачите пристигнаа пред куќата на Катарина во Оџак со комбе со лесковачки таблички, додека гостите со автобус пристигнаа пред куќата на Мате во Лиштани. Како што пишува „24сата.хр“, Мате го исполнил ветувањето што им го дал на локалното население и прославата продолжила и на вториот ден. Иако е вегетаријанец и не јаде месо, Римац ги почестил жителите на Лиштани, вртејќи вол тежок 800 килограми.

На гостите им било забрането да споделуваат фотографии и снимки од венчавката на социјалните мрежи, но протекоа некои снимки и фотографии.

Иноваторот и претприемачот или, хрватскиот Илон Маск, како што го нарекуваат медиумите во регионот, се ожени по вторпат за два месеци и ја потврди својата љубов со својата долгогодишна девојка, 30-годишната Катарина Ловриќ, која стана негова сопруга по седум години врска и 17 години познанство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jutarnji.hr (@jutarnji.hr)

По интимната и тајната венчавка пред матичарот во Сплит, во вилата „Далмација“, за околу триесет гости, Мате и Катарина подготвија раскошна прослава во Ливно. По црковната церемонија, Римац организирал свадбена прослава на Ливањско поле, во близина на неговото родно Ливно, место што ги врзува Мата и Катарина затоа што и двајцата имаат семејни корени од тој босански град, а таму и се запознале.

„Бугати“ на хрватскиот бизнисмен за кои сите зборуваат („Римац Невера“) бил паркиран на венчавката. Компанијата Римац автомобили на хрватскиот претприемач и иноватор е мнозински сопственик на Бугати.

Слични содржини