Свадба во ковид-болница: Кажале „да“, па го ставиле младоженецот на респиратор неколку секунди подоцна (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Свршениците, кои во исто време завршија во болница поради коронавирусот, успеаја да се венчаат само неколку моменти пред младоженецот да биде ставен на апарати за дишење. Елизабет Кер (31) и Симон О’Брајан (36) биле пренесени во универзитетската болница „Милтон Кејнс“ во Велика Британија на 9 јануари.

Вработените во болницата побрзаа да ја организираат венчавката, бидејќи состојбата на младоженецот се влошувала. Тој не бил интубиран да ја одржи церемонијата, а парот сега се опоравува во болница, пренесува Би-Би-Си.

Инаку, двајцата планирале венчавка во јуни, но, сепак, се заразиле и заедно биле пренесени во болница. Тие се сместени во различни крилја на болницата, но кога Кер, медицинска сестра, патем, и кажала на една колешка за нејзините планови, тие ја прашале дали сака да се омажи во болницата. Нејзе ѝ било кажано дека тоа може да биде нивната „последна шанса“.

Меѓутоа, додека вработените работеа на обезбедувањето дозвола за брак, состојбата на младоженецот се влошила и тој беше пренесен на интензивна нега на 12 јануари, за да биде приклучен на апарати за дишење. Откако завршиле со неговата интубација, можело да се одржи венчавката.

Откако кажал „да“, го ставиле на апарат за дишење.

Слични содржини