Свадбени ѕвона ѕвонат за Џенифер Лоренс

од desk4

Најплатената актерка во 2015 и 2016 година, викендов ќе прави свадба на Роад Ајланд, осум месеци по свршувачката со Кук Маруни, трговец со уметнички дела.


Двојката неодамна беше видена во Њујорк, како завршува формалности околу венчавката, па стана јасно дека наближува свечениот ден.
Актерката и нејзиното момче својата врска ја открија во 2018 година, а Маруни до тогаш беше сосема непознат во светот на шоубизнисот. Кук ја води познатата галерија Гледстон 64 која е сместена во Апер ист сајд делот од Њујорк, а на социјалните настани ретко се појавува. Џенифер неодамна реши да организира моминска вечер за женско друштво, поради венчавката која ќе следува, но не одеше сè по планот. Иако прво рече дека нема ни да прави моминска вечер, а потоа се премисли и го организираше во последен миг, никој од гостите не беше подготвен да се појави наеднаш, поради обврски, што ја разочара актерката.
Пред Маруни , Лоренс беше во врска со режисерот Дарен Аронофски, музичарот Крис Мартин и актерот Николас Холут.

Слични содржини