Сведоштво на Италијанец што се излечил од коронавирусот: Болеста ми помогна да ги ценам малите работи во животот што не ги ценев претходно (видео)

од Nikola Popovski

Во Италија, 7.500 луѓе починале од коронавирусот, но 9.362 се опоравиле. Еден од нив е и Фаусто Русо, 38-годишен, кој се наоѓал на интензивна нега во еден мал град Латина, во близина на Рим. На крајот, тој успешно се опоравил од болеста.

Преку видео, тој го опишал своето искуство.

“Коронавирусот ми помогна да ги ценам малите работи во животот што не ги ценев доволно. Живеење, дишење, одење, гушкање некого, пиење чаша вино, ова се работи кои одеднаш ти се многу важни затоа што ти биле одземени. Слобода. Кога сте внатре, не знаете што се случува надвор од вашата соба, лекарите ве прегледуваат, но имате минимален контакт со другите. Многу е пусто, семејството и пријателите не можат да бидат близу до вас, а клучот е тоа да бидете трпеливи. Ова искуство ми го смени животот”, рече Русо.

Погледнете го целосното негово сведочење во видеото подолу:

Слични содржини