Свети Николе ново жариште, регистрирани се 88 позитивни лица на ковид

од Берта Китинска

Свети Николе е ново жариште на коронавирусот во Македонија. Денеска се регистрирани нови 29 случаи на Ковид-19 во овој град, и сега вкупно има 88 случаи, од кои 81 се активни.

„Врз основа на новодобиените информации за бројот на заболени од КОВИД-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на општина Свети Николе, менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи, од денес 10.07.2020 (петок) да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови, Воедно , добивме и информација дека сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица и секако спречување на ширење на заразата.Вкупната бројка до денес на заболени од КОВИД-19 во нашатата општина е 79 лица.И понатаму апелирам до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата за соодветна заштита од коронавирусот“, напиша на својот Фејсбук профил градоначалникот Сашо Велковски на Општина Свети Николе.

Слични содржини