На богослужба во Грција само со негативен тест

од Milan1

Грција воведе нови ограничувања кои ги обврзуваат верниците да покажат негативен тест за Ковид-19 за да присуствуваат на богослужбите одржани во неделата по зголемувањето на бројот на новозаразени во последните недели.

Според новите правила објавени на 18 ноември, на невакцинираните лица им е забрането да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали, дури и ако тестот е негативен за корона вирусот, објави Ројтерс.

Денеска беше првиот ден кога оние кои сакаа да присуствуваат на богослужбата мораа да покажат негативен тест.

„(Ова е) да се заштитиме себеси и луѓето“, рече отец Христос, свештеник во црквата Свети Спиридон во Пиреја.

„Можеби е малку тешко, но ќе истраеме, должни сме да почитуваме се“, посочи тој.

Некои верници изјавија дека на неделната богослужба се појавиле помалку луѓе од вообичаено поради барањето невакцинираните лица да плаќаат за тестови за ковид-19, бидејќи тоа ги зголемува трошоците за многудетните семејства.

Слични содржини