Светнете го домот со помош на обичен лимон

Лимонот е една од намирниците кој секој ја има во домот. Луѓето го користат во разни рецепти, цедени сокови или чаеви… Но дали сте знаеле дека лимонот е одлично средство за чистење.

Еве што се можете да исчистите со обичен лимон и на тој начин ќе заштедите на средствата за чистење.

1. За чиста чешма

Исечете го лимонот на пола и употребете го како сунѓер. Ставете го под чешмата и исперете за да добиете одличен сјај.

2. Прочистете го воздуот

Во лонец со врела вода ставете исечен лимот или исечете го и ставете го во сад со сода бикарбона и сместете го во собата во која сакате да освежите.

3. Исчистете ги пластичните садови

Сите во домот имаме пластични садови во кои чуваме храна, па веројатно знаете колку се тешки за миење. Лимонот ќе ви ја олесне работата. Ставете ги валканите садови во мијалник полн со вода или во поголем сад и во него ставете лимонов сок, кој ќе ги ослободи од тврдокорните валканици.

4. Исчистете ја работната површина

Лимоновиот сок промешан со вода во шишенце со спреј чини чуда за валканите работни површини во кујната. Доволно е да прснете само малку од оваа мешавина на валканата површина и да ја избришете со крпа.

5. Перете и избелете облека

Доколку сакате вашата бела облека да ја врати старата белина, доволно е во текот на перењето да додадете 120 милилитри лимонов сок и ќе видете како магично делува.

6. Исчистете ги даските за сечење

Даските за сечење најлесно се чистат доколку врз нив триете пресечен лимот. Оставете ги малку да упијат од сокот кој го испуштил лимонот, а потоа измијте ги со топла вода.

7. Отстранете ја мувлата

Направете смеса од лимонов сок и сол. Смесата тријте ја на сите површини на кои има увла или масностии, на плочки или рбаотна површина. Потоа избришете ги со воден сунѓер.

8. Лесно измијте ја маснотијата од садовите

Во средството за миење садови додајте лимонов сок кој ќе ви го олесни миењето на масните лонци и садови.

9. Исчистете ја тоалетната школка

Измешајте боракс (натриум борат) со лимонов сок за да направите силно средство за чистење тоалетни школки. Освен што површината ќе сјае откако ќе ја измиете, лимонот зад себе ќе остави освежувачки мирис.

10. Освежете го фрижидерот

За фрижидерот да ви мириса свежо, оставете половина лимон во него. Само ставете го во чинија вило каде и тој ќе ги собере сите други мириси и ќе го рашири својот. Заменете го по една недела.

11. Измијте ги рацете

Доколку при подготвување на оброк сте сечеле лук, сигурно нема да ви биде лесно да го тргнете тој мирис од прстите. Лимонот измешајте го со вода или сапун и ќе успеете да го отстраните непријатниот мирис.

12. Одзатнете го одводот

Одзатнете го одводот така што во него ќе ставите сода бикарбона, а веднаш потоа лимонов сок. Оставете го да делува некое време, па пуштете врела вода да тече половина минута. За кратко, одводот ќе ви „дише“.

13. Исчистете ги огледалата и прозорците

Се што ви треба за темелно чистење на прозорците и огледалата е малку лимонов сок. Освен што стаклада ќе сјаат, целата просторија убаво ќе мириса кога ќе завршите.

Слични содржини