Светот го прослави роденденот на Бетмен

од desk2

Симболот Бетмен, сјајеше на фасадата на зградите во 13 градови, одбележувајќи го 80-от роденден на светскиот познат суперхерој. Фановите на човекот-лилјак се собраа на денот на Бетмен, во метрополитениз светот, а еден број од нив беа и деца, кои носеа костими од суперхеројот.

Мелбурн во Австралија и на плоштадот на Федерацијата, обожавателите на Бетмен восхитено ги набљудуваа проекциите со симболот на суперхеројот.

Симболот на Бетмен блесна и на деловната зграда „Тор реформ“ во Мексико, потоа и во Токио, Берлин, Рим, Париз, Лондон, Сао Паоло, Јоханесбург…

Денот на Бетмен се одбележува секоја трета сабота во септември. Овој јунак од стриповите, а подоцна и од филмовите, брзо стекна голема популарност, набрзо откако неговиот лик се појави во 27-от број на „Детективски стрипови“ во 1939 година најпрво во Њујорк.

Слични содржини