Светот реагира на инаугурацијата на Лукашенко: „Лажна инаугурација“

од Stefanija Kuzmanovska

Германија не го признава Александар Лукашенко за претседател на Белорусија, дури и по неговата инаугурација денес, вели портпаролот на владата во Берлин, Штефан Зајберт.

Тој рече дека Берлин сака Европската унија што побрзо да се договори за санкциите против Белорусија, пренесува АП.

Литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус оцени дека церемонијата на инаугурацијата на Лукашенко е „таква фарса“.

„Лажни избори. Лажна инаугурација. Поранешниот претседател на Белорусија не станува помалку поранешен. Напротив. Неговата нелегитимност е факт со сите последици што ги носи“, наведе Линкевичиус на Твитер.

Слични содржини