Светот ризикува „морална катастрофа“ ако ја одложи вакцинацијата против ковид-19 во Африка

од Stefanija Kuzmanovska

Светот ризикува „морална катастрофа“ доколку вакцинацијата против ковид-19 се одложи во Африка се додека побогатите региони не го вакцинираат целото нивно население, предупреди во четвртокот директорот на Африканските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Џон Нкенгасонг рече дека ЦДЦ се надева дека големите кампањи за вакцинација во Африка ќе започнат во април, пренесува Хина.

„Ова е далеку со оглед на тоа дека вирусот се пренесува многу брзо“, рече тој, предупредувајќи дека вториот бран на болеста во Африка „се врати желен за одмазда“.

Бројот на нови инфекции се зголеми минатата недела за скоро 19 проценти и бројот на смртни случаи за 26 проценти, според ЦДЦ.

Африка досега има пријавено 2,7 милиони инфекции и 64.000 смртни случаи.

Јужноафриканската република, каде е откриена нова варијанта на вирусот, потврди 82.000 заразени во изминатата недела, рече тој.

Глобалната достапност и финансирањето на вакцините се главните пречки за започнување на вакцинацијата во Африка, рече Нкенгасонг.

Тој предупреди дека богатите нации набавиле повеќе вакцини отколку што им требаат.

 

Слични содржини