Светот „се заклучува“ пред налетот на пандемијата: Три четвртини од Американците под ограничувања

од Stefanija Kuzmanovska

Затворањето не само на националните граници, туку и регионите и градовите насочени кон запирање на појавата на пандемијата на коронавирус се рашири низ целиот свет додека се зголемуваат жртвите наглобално ниво. И покрај малата надеж дека пандемијата се намалува во погодената Италија, строгите мерки што ограничија две петтини од светското население во нивните домови се прошируваат понатаму.

Москва и Лагос им се придружија на градовите низ целиот свет чии улици се празни, со тоа што Вирџинија и Мериленд станаа последните држави во САД што издадоа наредби за останување дома. Тие наскоро беа проследени со Вашингтон, што значи дека три четвртини од Американците се под некаков вид ограничување.

Американски воен медицински брод отплови за Њујорк за да го намали притисокот врз оптоварениот здравствен систем. Поставена е теренска болница во Централ Парк.

Стапката на пандемија во Соединетите Држави продолжи да се зголемува, при што бројот на загинати надминува 3.000 со 163.000 заразени, што е највисоко во светот. Претседателот Доналд Трамп сакаше да ги увери Американците дека властите ја зголемуваат дистрибуцијата на очајно потребната опрема, како што се респиратори и опрема за лична заштита.

Но, тој исто така понуди строго предупредување, велејќи дека „има предизвици во следните 30 дена“ и навести дека постои можност за забрана за излегување од дома на државно ниво, споредувајќи ја борбата против коронавирусот со „војна“. Бројот на потврдени случаи на загинати од КОВИД-19 низ целиот е скоро 37.000.

Слични содржини