Светска банка: Заштитата од пожари во модуларната болница во Тетово е надлежност на директорот и персоналот

од Берта Китинска

Модуларната болница во Тетово била градена според меѓународните и домашните стандарди, a планот за заштита од пожари требало да го изработи и спроведе болничкиот персонал под раководство на директорот на болницата во Тетово, велат од Светска банка за „Дојче Веле“.

„Проектната листа за изградба на модуларните болници вклучуваше конкретни мерки фокусирани на заштита од пожари и подготвеност за итни случаи за време на изградбата, а исто така постоеше обврска да се воспостави ‘План за заштита од пожари’ на почетокот на работата на објектот“, вели претставник на Светска банка.

Слични содржини