Светски познати ѕвезди кои САКАЛЕ ДА ИЗВРШАТ САМОУБИСТВО

од Stefanija Kuzmanovska

Светските ѕвезди тешко ја поднесуваат славата, па затоа често се занимаваат со алкохол и дрога, а некои дури се обидуваат и да си го одземат животот!

Иако сите мислат дека животот им е бајка, големите светски sвезди тешко ја поднесуваат славата. Гламурозниот живот и милионите фанови, сепак, не им причинуваат големо задоволство, бидејќи тие често знаат да паднат на колена и да се препуштат на пороци, а некои дури и се обидуваат да си го одземат животот поради големиот притисок.

Меѓу нив се наоѓаат двете најпопуларни sвезди на светот, Били Ајлиш и Лејди Гага.

Били Ајлиш

Во едно интервју, идолот на многу тинејџери раскажа како имала самоубиствени мисли откако станала планетарно популарна и не можела да се справи со успехот, па помислила да си го одземе животот, поради депресијата со која се борела долго време.

– Сакав да скокнам низ прозорецот на мојот 17-ти роденден, но во тој момент се сетив на мајка ми и се откажав.

Лејди Гага

Лејди Гага поради животот во куќата каде што била под секојдневен надзор, еднаш раскажа дека сакала да си го одземе животот, како и дека не можела да го поднесе фактот дека е позната.

– Тотално се откажав од себе. Го мразам тоа што сум позната. Се чувствувам истрошено и искористено. Не ја гледам смислата на мојот живот, освен што сум им потребна на моите родителите и сестра ми. Тоа е она за што размислував секој ден во последните две години и што ме наведуваше до самоубиствени мисли – рече таа.

Слични содржини