Светски ѕвезди со највисок IQ

од desk4

Иако, пред сè им завидуваме на славата и парите, на некои познати ѕвезди можеме да им завидуваме и на брилијантниот ум. Еве кои се тие со највисок коефициент на интелигенција.

Шакира – познатата пејачка била успешна во текот на целото школување, за што може да му заблагодари на својот  IQ  кој изнесува 140.

Мет Дејмон – холивудскиот актер досега имал прилика да се докаже во бројни улоги, но остана запаметен како генијалниот „Добриот Вил Хантинг“ . Бидејќи неговиот IQ е 160, веруваме дека не му било тешко да ја игра улогата на генијалецот.

Џејмс Франко – актерот, сценарист и режисер има IQ 130. Сепак Џејмс призна дека всушност се чувствува како просечно момче.

Синди Крафорд – познатата манекенка е всушност многу паметна, а на тестот за интелигенција измерен и е  IQ до 154. А некои и понатаму тврдат дека не може да имаш сè – и убавина и памет.

Алиша Кис – нејзиниот вокал е лесно препознатлив и поради гласовните можност стана една од најпопуларните пејачки на сите времиња. Покрај тоа Алиша може да се пофали со IQ od 154.

Ештон Качер – иако го паметиме како не баш мудриот Мајкл од серијата „Луди седумдесетти“, Ештон всушност има  IQ висок 160!

Квентин Тарантино – овој режисер и продуцент, познат по бруталните и насилни филмови има  IQ 160.

Роуан Аткинсон – познатиот мистер Бин е всушност многу интелигентен, а за тоа доказ е неговиот IQ кој изнесува 173.

Арнолд Шварценегер – зад многуте мускули се крие и голем мозок, а Арнолд може да се пофали со IQ 153.

Шерон Стоун – познатата актерка покрај славата, парите и талентот има уште еден ас во ракавот – IQ од 148!

Слични содржини