Светските компании ги сменија логоата поради коронавирусот (фото)

од Nikola Popovski

Некои глобални компании, вклучувајќи ги Мекдоналдс, Кока-Кола, Ауди и Фолксваген, ги изменија логоата за да ја истакнат важноста на изолацијата и социјалното растојание во борбата за намалување на ширењето на коронавирусот.

Во својата реклама во Бразил, Мек Доналдс ја подели буквата „М“ на своето лого и објави ваква реклама на својата страница на Фејсбук.

Кока-колата ја прикажа својата прилагодена реклама со соодветна порака на њујоршкиот Тајмс Сквер, пренесува „Russia Today“.

Две автомобилски компании од ист сопственик, Ауди и Фолксваген, создадоа нови логоа, кои ги споделија на социјалните мрежи.

Ауди објави кратко видео во кое се разделуваат четирите круга, додека Фолксваген објави слично видео со посебни V и W.

„Во самоизолација“ е и познатиот лик на налепницата за банани.

Се разбира, логоата на овие компании на самите производи остануваат исти како порано, а се модифицирани само за да ја истакнат важноста за почитување на социјалната дистанца.

Слични содржини