Sвездите на „Игра на тронови“ очекуваат бебе! Пресреќната актерка призна: „Многу сум возбудена што сум БРЕМЕНА!“

од Stefanija Kuzmanovska

Пред помалку од еден месец, sвездите на „Игра на тронови“ Кит Харингтон и Роуз Лесли потврдија дека доаѓа нов член на семејството. Иако не зборуваа многу за тоа, бремената Роуз сега за прв пат зборуваше за среќната вест за „Њујорк пост“. Во неколку реченици, таа опиша колку е среќна и возбудена за новата животна улога што наскоро ќе ја доживее.

– Многу сум возбудена што сум бремена. Едвај чекам да го запознаам новиот член на нашето семејство – рече таа во споменатиот разговор.

Со оглед на тоа што таа и нејзиниот сопруг се познати по тоа што си го чуваат приватниот живот за себе, не е ни чудо што Роуз не даде повеќе детали за нејзината бременост. Полот на детето или точниот месец кога доаѓа бебето сè уште не се познати.

Парот ја потврди бременоста со прекрасни црно-бели фотографии.

Инаку, тие се запознаа за време на снимањето на светски познатата серија „Игра на тронови“, а се венчаа во јуни 2018 година. Кит, за разлика од неговата сопруга Роуз, сè уште не зборувал за бременоста и очекувањето на бебето. Сепак, медиумите „ископаа“ едно од неговите интервјуа од 2019 година, кога тој ја коментираше можноста за проширување на семејството.

– Не знам дали ќе се случи, но ако се случи, ќе биде одлично. Мислам дека децата сигурно ќе ја гледаат серијата и на тој начин ќе видат како се сретнаа нивните мама и тато, што ќе биде навистина прекрасно – коментираше тој тогаш, не сфаќајќи дека бебето ќе му „тропне на врата“ следната година.

Слични содржини