Свитливиот Galaxy Fold на продажба од април – ќе биде двојно поскап од S10

од desk2

Повеќе не е само концепт, туку свитливиот Galaxy Fold беше официјално претставен на специјалниот настан на Samsung наречен Galaxy Unpacked. Синоќа конечно го дознавме датумот кога тој ќе се појави на пазарот, како и неговата цена.

Концептот за Samsung Galaxy Fold (или Galaxy F) беше најавен уште во ноември, но синоќа за првпат се појави во право светло, како функционален хибрид од таблет и телефон.

Неговиот 7,3-инчен Infinity Flex дисплеј му овозможува да се користи како таблет, кој може да биде превиткан на половина и да добие стандардна големина на смартфон. Додека е превиткан, Galaxy Fold го користи помалиот, 4,6-инчен екран со кој зазема форма на телефон.

Galaxy Fold е изненадувачки брз и покрај тоа што неговите спецификации нема да ви остават таков впечаток. Смартфонот доаѓа опремен со процесор Qualcomm 7nm октакор и 12GB RAM, a освен тоа има и две батерии кои заедно имаат капацитет од 4.380 mAh кои го напојуваат неговото работење за да му обезбедат на корисникот непречено користење во текот на целиот ден.

Овој нов телефон/таблет ќе се појави на пазарот на 26 април, а неговата почетна цена ќе биде 1.980 долари – што е двојно поскапо од најновиот модел на Galaxy S, кој чини „само“ 899 долари.

Слични содржини