Свлечиште ја блокира едната коловозна лента на патот Дебар – Маврово Ростуше

од Берта Китинска

Сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово Ростуше во непосредна близина на Мелнички Мост наспроти хотел „Дебарски Бањи“, за патнички моторни возила се одвива наизменично по една коловозна лента поради свлечиште.

Како што соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Слични содржини