СВР-Битола и Црвен Крст со акција за безбеден сообраќај во зимски услови

од Aleksandar Todeski

Одделот за превенција при СВР-Битола и општинската организација на Црвен Крст на битолчани им поделија летоци со совети за безбеден сообраќај во зимски услови.

Превентивните акции ќе се одвиваат секојдневно, бидејќи од вчера во сила е законската обврска за задолжителна зимска опрема во периодот од 15 ноември до 15 март.

„Во тек е законската обврска за задолжителна зимска опрема за секое моторно возило. Нашата цел е да им помогнеме на учесниците во сообраќајот, на возачите и пешаците, и во соработка со Црвен Крст изработивме леток во кој се посочени совети за возење во зимски услови. Во летокот се нагласени сите обврски на возачите и совети за пешаците кои како најранлива категорија треба да бидат заштитени, но и тие треба да ги почитуваат сообраќајните правила при преминување на улица и да внимаваат на лизгав коловоз“, изјави портпаролката на СВР-Битола, Соња Стаматова.

Слични содржини