СВР Скопје: 112 сообраќајни прекршоци во Скопје

од Vladimir Zorba

Секторот за внатрешни работи Скопје вчера, во рамки на сообраќајните контроли, на територија на град Скопје изрече 112 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, осум за возење без возачка дозвола и 10 санкции за непрописно престројување на возила.

Изречени се и две мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за управување под дејство на алкохол, осум мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, наведува МВР.

Слични содржини