СВР Тетово почна со контроли за незаконски поставени светлосни и звучни уреди на возилата

од Vladimir Zorba

Секторот за внатрешни работи Тетово почна со контролни и други мерки за откривање и законско санкционирање на возила кои, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, имаат вградено и користат уреди за давање посебни светлосни и звучни знаци, попознати како „флешери“.

– Сите кои незаконски користат вакви уреди се санкционираат со изготвување на соодветни поднесоци, согласно членовите 138, 139 и 140 од споменатиот закон. Паричната глоба за физичките лица изнесува 300, а за правните лица 2000 евра во денарска противвредност. Со цел уште еднаш поблиску да се информираат за начинот на користење на уредите за давање посебни светлосни и звучни знаци, но и за законските импликации доколку се злоупотребат истите од физички или правни лица, Отсекот за превенција на СВР Тетово ќе оствари средби со одговорните лица во сите локални самоуправи на подрачјето, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Секторот за внатрешни работи Тетово потсетува дека ваков вид уреди можат да користат само возила со кои полицијата или воената полиција врши придружба, како и возила со право на првенство на минување како што се медицински, противпожарни и друг вид на возила.ас/фф/

loading...

Слични содржини