СВР Тетово: Затворени 14 локали што работеле спротивно на владините мерки

од Vladimir Zorba

На подрачјето на Тетово вкупно 14 угостителски објекти се затворени во периодот 07 часот вчера до 07 часот изутринава, откако работеле спротивно на пропишаните владини мерки локалите да не работат во насока на превенција од ширење на коронаворусот, соопшти денеска СВР Тетово.

За сопствениците се изготвени соодветни поднесоци.

Во истиот период од 30/31 март од 7 до 7 часот, на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово откриени се две нови лица кои не ја почитувале, односно ја прекршиле одлуката за ограничено движење.

Слични содржини