СЗО: 5 долари годишно по човек и никогаш не би имале пандемија

од Vladimir Zorba

Одборот за следење на глобалната подготвеност (ГПМБ), тело на Светската здравствена организација (СЗО) кое постојано предупредуваше во 2019 година дека на светот му се закануваат пандемии, објави извештај за оваа година. Некои од најдраматичните места ги потпишува поранешниот генерален секретар на СЗО, Гро Харлем Брундтланд.

Извештајот ги прикажува трошоците за пандемијата КОВИД-19.

Се наведува дека досега трошоците веќе надминале 11.000 милијарди долари, а се очекуваат уште 10.000 милијарди долари. За разлика од истата табела, под категоријата „инвестиции во подготвеност“ гласи: „Дополнителни 5 долари почовек годишно“.

СЗО по повод извештајот на Твитер објави дека за да се надоместат досегашните губитоците во светската економија поради пандемијата КОВИД-19, ќе бидат потребни 500 години да се уплатува толку пари, колку што сега се уплатуваат за зголемување на подготвеноста на светот да се спротистави на пандемијата и ширењето на болестите.

Спротивно на тоа, рече Гро Харлем Брундтланд во директен пренос на водечките луѓе на СЗО, пандемиите можат целосно да се спречат со вложување на само пет долари по глава на жител годишно.

Г-ѓа Харлем Брундтланд ја водеше Светската здравствена организација од 1998 до 2003 година, а пред тоа во три наврати беше, како истакнат член на Лабуристичката партија, премиер на Норвешка.

„Последиците од пандемијата КОВИД-19 се покажаа полоши отколку што можевме да замислиме“, рече таа во преносот на каналите на СЗО.

„Дали ќе се повтори? Веројатно да“, рече таа, ако ништо не се промени.

Таа се истакна во меѓународните професионални и политички кругови како влијателен промотор на одржливиот развој.

„Цената на превенцијата на пандеми ќе се брои во милијарди долари“, рече таа, „но трошоците на оваа пандемија се бројот во трилиони“.

До денес, 925.284 луѓе починаа од КОВИД-19 ширум светот.

Слични содржини