СЗО: 82% од сите вакцини за корона за богатите земји

од Vladimir Zorba

Повеќе од милијарда дози вакцини против коронавирус се користени ширум светот, а 82 проценти од нив се користат во развиените земји, рече генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Посочи дека само 0,3 проценти од вакцините биле користени во сиромашните земји, пренесе „АП“.

Достапноста на вакцините е еден од главните предизвици на пандемијата, оцени Гебрејесус за време на онлајн конференција ,чиј домаќин е Португалија.

Слични содржини