СЗО: 878.000 новозаразени со коронавирус ширум светот

од Vladimir Zorba

Изминатиот ден во светот се регистрирани повеќе од 878.000 нови случаи на инфекција со коронавирус, а вкупниот број надмина 150,11 милиони, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Заклучно со 30 април, во светот се регистрирани 150.110.310 нови случаи на коронавируси и 3.158.792 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Бројот на потврдени случаи се зголемил за 878.386 во изминатите 24 часа, а бројот на смртни случаи за 14.572, пренесе ТАСС.

Југоисточна Азија сочинува повеќе од 45 проценти од дневниот број на нови инфекции со Ковид-19 (402.972 случаи). Следат Северна и Јужна Америка (223.217) и Европа (180.677).

Најголем број случаи на коронавирус се пријавени во САД (31.889.171), потоа следат Индија (18.762.976), Бразил (14.521.288), Франција (5.505.700), Русија (4.805.288) и Турција (4.788.700), Велика Британија. (4.414.246), Италија (4.009.208), Шпанија (3.514.942), Германија (3.381.597), Аргентина (2.928.890) и Колумбија (2.824.626).

Слични содржини