СЗО бара заедничка сопственост на вакцините и лековите против пандемијата

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација и 37 земји денес апелираа за заедничка сопственост на вакцини, лекови и дијагностички помагала за борба против глобалната пандемија од коронавирус, сметајќи дека законите за патенти може да бидат пречка за дистрибуција на клучни лекови, пренесува Ројтерс.

Земјите во развој и младите земји стравуваат дека богатите земји, кои испорачуваат ресурси за пронаоѓање на вакцината, ќе бидат на почетокот на редот за медицината, кога ќе се постигне успех.

Вакцините, тестовите, дијагностиката, третманот и другите клучни инструменти за реагирање на вирусот мора да бидат достапни за сите како јавно добро, рече претседателот на Костарика, Карлос Алварадо.

Повеќе од 5,8 милиони луѓе ширум светот се заразени со коронавирус, а 360.000 починале. Светската здравствена организација ја разбира важната улога на заштитата на патентите во поттикнувањето на иновациите, но ова е време кога луѓето треба да имаат приоритет, рече директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Меѓународната федерација на производители и Здружението на фармацевти изразија загриженост поради поткопувањето на заштитата на интелектуалната сопственост, за која велат дека веќе дозволува соработка и ќе биде потребна кога ќе заврши пандемијата.

Слични содржини