СЗО: Блокадите во Италија ќе доведат до стабилизација

од Nikola Popovski

Блокадите и построгите мерки воведени во Италија во текот на изминатите две недели наскоро треба да доведат до стабилизирање на пандемијата на коронавирус, но потребен е внимателен мониторинг, изјави високиот медицински експерт на СЗО, Мајк Рајан.

Италија има најголем број на починати од било каде во светот. Рајан потсети дека во кинескиот град Вухан, каде за првпат се појави вирусот, беа воведени строги двомесечни мерки, по што беа преземени мерки за луѓето да останат на социјална дистанца, а експертите сè уште бараат нови можни случаи.

„Она што најверојатно ќе се случи е дека, со блокадите и рестриктивните мерки во Италија, кои беа воспоставени пред две до три недели, ќе дојде до стабилизација, бидејќи пријавените случаи денес биле заразени уште пред две недели“, рече Рајан.

Претходно, италијанската агенција за цивилна заштита објави дека бројот на мртви се зголемил за 812 и вкупниот број на починати сега изнесува 11.591, но дека бројот на нови случаи се зголемил за 4.050, што е најмалку од 17 март.

Слични содржини