СЗО: Делта сојот стана посилен, полесно се шири и ги замени другите вируси

од Nikola Popovski

Загрижувачкиот делта сој, присутен во 185 земји, ги замени другите три загрижувачки варијанти на коронавирусот – алфа, бета и гама, кои сега претставуваат помалку од еден процент од случаите, наведува Светската здравствена организација (СЗО).

Сите вируси, вклучително и SARS-CoV-2 кој го предизвикува коронавирусот, мутираат со текот на времето.

Појавата на варијанти на крајот на минатата година, што донесе зголемена опасност за глобалното јавно здравје, ја поттикна СЗО да означи соеви по кои треба да следат други загрижувачки варијанти, со цел да се даде приоритет на мониторингот и истражувањето на глобално ниво.

„Тој вирус стана посилен и полесно пренослив“

-Делта варијантата сега преовладува. Само еден процент од моментално достапните секвенци се (загрижувачки варијанти) алфа, бета и гама, одговори директорката на техничкиот тим за коронавирусот во СЗО, Марија Ван Керхове, на социјалните мрежи.

-Овој вирус стана посилен, полесно пренослив и ги замени другите соеви, додаде Ван Керхове, прецизирајќи дека е забележан во 185 земји.

Светската здравствена организација верува дека четири познати варијанти на коронавирус претставуваат голема опасност за луѓето.

Организацијата додаде дека треба да се следат уште пет варијанти (ета, јота, капа, ламбда и ми).

Сепак, варијантите – ета, јота и капа, се отстранети од листата на загрижувачки соеви на коронавирус, изјави Ван Керхове.

Слични содржини