СЗО: Дистрибуирани повеќе од милијарда дози вакцини, но реалноста е дека…

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Гебрејесус, денес изјави дека се дистрибуирани повеќе од милијарда дози вакцини во светот, но 82 отсто од вакцините се дадени на земји со висок или средно-висок стандард.

Директорот на СЗО вели дека само 0,3 отсто од вакцините биле дистрибуирани во земји со ниски примања, пренесува АП.

„Тоа е реалноста“, рече Тедрос на здравствената конференција преку Интернет, организирана од страна на Португалија.

Тој додаде дека пристапот до вакцините е „еден од најголемите предизвици на пандемијата“ и дека јавното здравство е „основа на социјалната, економската и политичката стабилност“.

Слични содржини