СЗО е ПРОТИВ мешање на вакцини: „Тоа е опасен тренд“

од Stefanija Kuzmanovska

Научник од Светската здравствена организација, Сумиа Сваминан ги советуваше луѓето да не мешаат вакцини против КОВИД-19 од различни производители, нарекувајќи го „опасен тренд“.

Таа додаде дека ситуацијата во земјите ќе биде хаотична доколку самите граѓани започнат да одлучуваат кога и кој ќе ја земе втората, третата и четвртата доза, пишува Ројтерс.

СЗО објави дека се достапни само некои податоци за мешање на вакцините и дека се очекува повеќе.

Стратешка советничка група на експерти на СЗО во јуни рече дека вакцината „Фајзер“ може да се користи како втора доза по првата доза на „АстраЗенека“, доколку во меѓувреме има недостиг на вакцини „Фајзер“.

Во тек се понатамошни клинички испитувања, предводени од Универзитетот во Оксфорд, кој ќе се занимава со мешање на „АстраЗенека“ и „Фајзер“, како и на вакцините „Модерна“ и „НовоВак“.

Слични содржини