СЗО ги предупредува државите: Бидете внимателни при ублажување на мерките

од Vladimir Zorba

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан, во средата ги повика државите да бидат крајно внимателни во олеснувањето на мерките воведени поради Ковид-19 за да не ги „поништат остварените резултати“.

Рајан ова го рече додека Англија, домаќин на Европското првенство во фудбал, се подготвува на 19 јули да ги укине повеќето рестриктивни мерки, додека другите европски земји ги укинуваат ограничувањата за патување, а индиските сојузни држави ги ублажуваат општите карантин и покрај зголемениот број на новоинфицирани со делта-вирусот.

Рајан рече дека секоја држава мора сама да одлучи, но исто така и дека поединците, вклучително и оние кои не биле вакцинирани, мора да преземат одговорност да се заштитат себе си и другите да го запрат притисокот врз болниците заради потенцијален нов бран на инфекција.

Ирецот на прес-конференција во Женева предупреди на „многу опасна претпоставка“ дека сите во Европа сега се заштитени и дека светот се враќа во нормала.

Пред укинувањето на мерките, британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека доаѓањето на летните и училишните одмори може да помогне во поповолна епидемиолошка состојба.

Рајан рече дека верува оти британските научници се „многу свесни за заканата што ја носат новите соеви, особено со делта-варијантата“ и дека тие се за внимателно укинување на мерките.

СЗО, исто така, ги предупреди земјите, вклучувајќи ги Соединетите држави и Швајцарија, наместо да вакцинираат деца на возраст од 12 до 15 години, тие да донираат дози на вакцини на сиромашните земји преку иницијативата „Ковакс“.

Експертот за вакцинирање на СЗО, Ен Линдстранд, предупреди дека не страдаат најмногу деца од коронавирус, туку „возрасни и групи со висок ризик“.

Слични содржини