СЗО ГО ПОСЕТИ ПАЗАРОТ ВО ВУХАН: Се открива потеклото на коронавирусот

од Nikola Popovski

Тим експерти од Светската здравствена организација, кој го истражува потеклото на Ковид-19 во кинескиот град Вухан, денес го посети пазарот на Хуанан, за кој се смета дека е местото од каде потекнуваат првите откриени случаи на коронавирус.

Јавниот пристап до пазарот, кој е опкружен со чувари цел ден и ноќ, е строго ограничен откако се затвори на почетокот на минатата година. Пред да се затвори, тоа беше многу популарен пазар, кој се состоеше од стотици тезги поделени на тезги за месо, морски плодови и зеленчук, пишува Ројтерс.

Некои кинески дипломати и државни медиуми веруваат дека пазарот во Вухан не е местото каде што се појавил и ширел понатаму коронавирусот и тие веруваат дека вирусот потекнува од друга земја.

Пазарот беше затворен откако на 31 декември 2019 година се појавија четири случаи на „мистериозна пневмонија“. На крајот на јануари 2020 година, Вухан влезе во 76-дневна блокада.

Експертите велат дека пазарот во Хуанан сè уште игра важна улога во пронаоѓањето на потеклото на вирусот, бидејќи таму е идентификувана првата група случаи.

Слични содржини