СЗО го прекина тестирањето на лекот кој Трамп го зема превентивно

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот за маларија хидроксихлороин за пациенти со коронавирус од безбедносни причини, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Геберјесус.

Претседателот на САД, Доналд Трамп и други официјални претставници, го спомена хидроксихлорохинот како можен лек за вирусот.

Трамп рече дека превентивно го зема лекот.

„Извршната група спроведе привремена пауза за употреба на хидроксихлорокин сè додека не се разгледаат безбедносните податоци“, рече Геберјесус.

Претходна препорака на СЗО беше дека хидроксихлороин не треба да се користи за да се спречи коронавирус, освен како дел од клиничките испитувања.

Слични содржини