СЗО: Грција има највисока стапка на инфекција од почетокот на пандемијата

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ширењето на ковид-19 е забрзано во некои земји, па според податоците засновани на извештаи од национални агенции, Грција и Кипар имаат највисоки стапки на инфекција од почетокот на пандемијата, додека Шпанија и Португалија регистрираат најголем број на инфекции идентификувани во последните шест месеци, пишува Тасс.

Европа досега има пријавено 58,74 милиони случаи и повеќе од 1,2 милиони смртни случаи.

Според анализата на моменталната состојба во Европа, агенцијата Тасс објави дека повеќето дневни инфекции се бележат во Велика Британија, каде се над 40.000, потоа во Шпанија, околу 25.000 случаи на ден, во Франција 16.100 случаи во последните 24 часа.

Минатата недела, Грција објави најголем број од почетокот на пандемијата, 4.300 случаи, а Кипар исто така достигна најголем дневен број на лица заразени со ковид, што е илјада на ден.

Слични содржини