СЗО: Има значителен број повредени Палестинци на кои им е потребна помош

од Nikola Popovski

Светската здравствена организација забележа голем број повредени на кои им е потребна итна помош во палестинските области, каде најмалку 243 лица беа убиени за време на 11-дневните борби меѓу Палестинците и Израелците.

Портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, вчера изјави дека вкупно 8538 лица биле повредени преку палестинските територии за време на конфликтот, а 30 здравствени установи во Газа биле оштетени – со една клиника целосно уништена, а друга претрпена значителна штета.

Таа рече дека оштетувањето на инфраструктурата го попречува пристапот на амбулантите, пренесува АП.

Фабрицио Карбони, регионален директор за Блискиот исток при Меѓународниот комитет на Црвениот крст, процени дека биле поставени неколку стотици неексплодирани бомби во Газа и рече дека итно се потребни медицински материјали, пренесува Танјуг.

Матијас Шмале, директор на Газа за УНРВА, агенцијата на ООН за помош на палестинските бегалци, изјави денес дека има „прозорец“ од неколку часа за време на кој може да се донесат помош и набавки преку преминот Керем Шалом во Газа.

Слични содржини