СЗО испраќа мисија во Кина за да го утврди потеклото на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) наскоро ќе испрати експертска мисија во Кина, чија цел е да се утврди потеклото на коронавирусот, рече Тедрос Аданом Гебрејесус на денешниот брифинг во Женева.

Според него, организацијата во моментов ги одредува параметрите на мисијата, објави Ројтерс.

„Целта на мисијата е да се подобри разбирањето на домаќинот од животинско потекло на „Ковид-19 “ и да се утврди како се шири болеста од животните на луѓето“, истакна Тедрос.

Слични содржини