СЗО ја одобри вакцината против ковид 19 на „Џонсон и Џонсон“

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација денес издаде одобрение за итна употреба на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“, што значи дека еднократната вакцина сега може да се користи во рамките на програмата Ковакс за глобална дистрибуција на вакцини, вклучувајќи ги и сиромашните земји.

СЗО соопшти дека податоците од обемните клинички испитувања покажуваат дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е ефикасна кај возрасната популација. Списокот за употреба во итни случаи доаѓа еден ден откако Европската агенција за лекови препорача вакцината да добие зелено светло низ целата Европска унија, пренесува АП.

– Бидејќи стануваат достапни нови вакцини, ние мора да се осигураме дека тие ќе станат дел од глобалното решение, а не причината поради која некои земји и луѓе заостануваат – рече генералниот директор на СЗО Тедрос Адана Гебреијус на денешниот брифинг со новинарите.

Обемно истражување опфатено на три континенти открило дека вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е 85 отсто ефикасна во заштитата од тешки форми на болести, хоспитализација и смрт. Таа заштита остана силна дури и во земји како Јужна Африка, каде се идентификувани варијанти кои се чини дека се помалку подложни на другите лиценцирани вакцини, вклучително и оние направени од „АстраЗенека“.

Слични содржини