СЗО ја одобри вакцината Синофарм за итна употреба

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) денес објави дека кинеската вакцина Синофарм против Ковид-19 е одобрена за итна употреба, пренесе Ројтерс.

Оваа вакцина, една од двете кинески што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина за коронавирус одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад.

Исто така, првпат СЗО одобрува кинеска вакцина за итна употреба против какво било заразно заболување, додава Ројтерс.

Фактот дека вакцината Синофарм е на списокот на СЗО со итни вакцини е сигнал до националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да се вклучи во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.

СЗО претходно ги одобри вакцините за Фајзер / Бајонтек, АстраЗенека, Џонсон и Џонсон, додека „Модерна“ доби одобрување минатата недела.

Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека препораката е вакцинирањето со вакцината Синофарм да се изврши во две дози, за сите над 18-годишна возраст.

Слични содржини